Белгискиот голман Тибо Куртоа премина од Челзи во Реал Мадрид, а вчера ја искористи приликата преку друштвените да се прости од навивачите на лондонската екипа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Помеѓу другото Куртоа им се заблагодарува на сите во клубот за прекрасните моменти кои ги помина, а исто така порача дека една од главните причини поради што замине се неговите деца кои се наоѓаат во Мадрид.
Сепак, на бројни навивачи на Челзи не им се допадна фактот што Куртоа заминува, па ја искористија неговата проштална порака против него.
После голем број негативни коментари, белгискиот голман беше приморан да ја избрише објавата.
Courtois’ farewell message to CFC fans calling him ? pic.twitter.com/d8TJyANSwx
— M•A•J¹³ (@Ultra_Suristic) August 8, 2018