Дома Фудбал Навивачите на Барселона знаат кои пет играчи мораат да го напуштат клубот што побрзо

Навивачите на Барселона знаат кои пет играчи мораат да го напуштат клубот што побрзо

Фудбаларите на Барселона не ја отворија оваа сезона на најдобар начин во домашното првенство, бидејќи веќе четири натпревари по ред не остварија победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб ја брани титулата шампион во Шпанија, но новата сезона не започна баш како што очекуваа, а реткост е Барселона четири натпревари по ред да не победи. Навивачите не се задоволни од играта на екипата, а тоа посебно се однесува на одбраната.

Жерард Пике е на големи критики поради своите игри во последно време, а виновник е барем за четири гола во новата сезона во Ла Лига. Поради тоа навивачите на овој тим одлучија да направат анкета кои играчи на Барселона мора што побрзо да бидат продадени.

На оваа листа се најдоја пет фудбалери, а се најде и едно големо изненадување. Она што е најголемо изненадување за јавноста е дека на листата се најде и Луис Суарез кој веќе неколку сезони е еден од главните играчи. Покрај него, навивачите на Барса мислат дека клубот што побрзо треба да ги продаде Томас Вермален, Жерард Пике, Денис Суарез и Рафиња.

Дали управата на клубот ќе ги послуша останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн му даде неверојатно ветување на Мусиала ако се одлучи да се повлече поради здравствени проблеми

Синоќа, Мусиала повторно предизвика загриженост во светот на фудбалот, затоа што вторпат в…