Дома Фудбал Навивачите на Баерн реагираа на одложувањето натпревари поради cмртта на Кралицата 📸

Навивачите на Баерн реагираа на одложувањето натпревари поради cмртта на Кралицата 📸

Во вчерашниот натпревар помеѓу Баерн и Барселона навивачите на германскиот клуб истакнаа транспарент против случувањата по cмртта на Кралицата Елизабета Втора.

Поради cмртта на Кралицата одложени беа сите фудбалски натпревари во Велика Британија, а се одложуваат натпревари и во европските натпреварување. Се одложи натпреварот помеѓу Арсенал и ПСВ од Лигата на Европа, додека натпреварот помеѓу Ренџерс и Наполи се одложи за еден ден подоцна.

Викендов ќе има натпревари во Премиер лигата, но колото нема да биде комплетно, ќе се одложат три дуели меѓу кои и дербито Челзи – Ливерпул. Одложени се натпреварите кои требаше да се играат во Лондон.

На транспарентот кои го истакнаа навивачите на Баерн вчера пишуваше:

„Во последен момент одложувања на натпревари и забрани поради cмртта на Кралицата. Почитувајте ги и навивачите.

Одложувањата не влијаеа врз Баерн, меѓутоа навивачите на германскиот гигант сакаа да го кажат својот став за целата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…