Дома Фудбал Останато Навивачи на Челзи претепани во Солун

Навивачи на Челзи претепани во Солун

Нереди во Солун во ноќта пред натпреварот помеѓу Паок и Челзи во Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грчката полиција соопшти дека во Солун се повредени два навивачи на Челзи пред вечерашниот натпревар од Лигата на Европа.

Полицијата наведе дека четири напаѓачи во центарот на Солун претепале двајца Англичани. На претепаните навивачи им се укажала помош на лице место по што биле пренесени во болница.

Напаѓачите побегнале, а полицијата соопшти дека навивачите на тимот од Лондон не сакале да поднесат тужба.

Навивачите на ПАОК се познати како проблематични и жестоки па во вечерашниот натпревар се очекува жестока атмосфера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сензација во атлетиката: Падна светскиот рекорд на 110 метри! (Видео)

Американскиот атлетичар ЏаКоби Тарп го постави новиот светски рекорд во трка на 110 метри …