Дома Трансфер зона На повидок трампа помеѓу Реал и Ливерпул?

На повидок трампа помеѓу Реал и Ливерпул?

Според пишувањето на „Liverpool Echo“, Реал Мадрид на Клоп му го понудил Марко Асенсио во замена за Садио Мане.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека германскиот стратег и претходно го сакаше Шпанецот да го види во своите редови, а се споменуваше дека бил и спремен да плати и големи пари за младиот фудбалер на Реал. Сега Мадриѓаните наводно и испратиле понуда на Ливерпул, но многу е мала веројатноста тоа да се реализира, од причина што Кралевите за него бараат дури 95 милиони евра.

Фактот дека „Црвените“ не се спремни да потрошат големи пари, па Реал понуди и друго решение, а тоа е да го понудат Асенсио, а во спротивна насока да си оди Садио Мане. Сепак, Сенегалецот е еден од најважните играчи во екипата на Јирген Клоп и тешко дека Германецот ќе се откаже од него, па дури и во спротивна насока да си го добие Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…