Дома Топ вести На повидок скандал: ПСЖ поткупувал гласови за Меси да ја добие „Златната топка“?!

На повидок скандал: ПСЖ поткупувал гласови за Меси да ја добие „Златната топка“?!

Француските медиуми пренесуваат неверојатна приказна во која Пари Сен Жермен е обвинет дека лобирал Меси да ја добие „Златната топка“ во 2021 година.

„Ле Монд“ пишува дека од ПСЖ се обиделе да влијаат кај поранешниот уредник на „Франс Фудбал“ Паскал Фаре.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно функционерите на клубот се обиделе да добијат поддршка од Фере преку разни услуги кои му биле понудени.

Се наведува дека е отворена истрага и таа е фокусирана кон екс-директорот на ПСЖ за комуникации Жан Марсијал Рибес. Наводно тој деле бесплатни билети за натпреварите на ПСЖ на новинари, политичари, функционери, членови на кабинетот, уметници…

Меси за ПСЖ играше од 2021 до 2023 година и на 75 натпревари постигна 32 гола додавајќи 35 асистенции, а си замина изминатото лето потпишувајќи за ИНтер Мајами.

Таа 2021 година Меси ја освои „Златната топка“ со 613 гласови пред Роберт Левандовски и Жоржињо. Вкупно во кариерата Аргентинецот освои осум вакви признанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…