Историски срам му се закануваше на Партизан. Во првиот натпревар од третите прелиминарни натпревари од Конференциската лига загуби со 2:0 од слабиот азербејџански Сабах. На реваншот во Белград мораше да ја надополни негативата и тоа без помош од навивачите, бидејќи Гробари го бојкотира тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилскиот напаѓач Матеус Салдања го доведе до водство со гол во 30. минута. Тој одлично се снајде откако голманот го одбрани првиот удар и погоди за 1:0. Сепак, она што го изведе Бибрас Начо во 58. минута е маестрално.
Ветеранот (35) и израелска легенда на српскиот гигант го презеде изведувањето на слободниот удар на работ од шеснаесетникот во десниот агол. Се очекуваше да нафрли, но Начо мудро и мајсторски ги измами противниците и погоди во блискиот агол.
Така во својот 170. настап за Партизан постигна 53 гола.
До крајот на регуларниот дел и продолженијата беше 2:0 за Партизан, кој потоа отиде на пенали.
Така за прв пат во историјата ја надополни негативата од 2:0 од првиот натпревар во европските купови. Партизан ќе се бори со дански Нордсјеланд во баражот за групната фаза од Конференциската лига.
Голот на Начо погледнете го ТУКА