Дома Македонски спорт На Миовски не му се брза: Одлично ми е во Абердин

На Миовски не му се брза: Одлично ми е во Абердин

Maкедонскиот напаѓач, Бојан Миовски истакна дека е среќен во Абердин и е свесен за интересот на поголемите клубови, но сепак не брза со трансферот.

Откако пристигна во Абердин, македонскиот напаѓач се промовираше во вистински миленик помеѓу навивачите, а голем број клубови покажаа интерес за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во своето последно интервју за „Дејли Мејл“, Миовски порача дека не брза да замине.

„Имам уште две ипол години од договорот со Абердин. Одлично ми е во овој клуб и не брзам да си заминам. Знам дека многу работи се пишуваат за мене, но тоа е нормално. Кога играш во добра форма и даваш голови секогаш те следат поголеми клубови од оној каде настапуваш.

Во Абердин сум веќе година ипол, среќен сум тука, веќе постигнав 33 голови за овој клуб, се надевам дека и луѓето од Абердин се среќни со мене. За мој евентуален трансфер решава и клубот“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…