На крајот на актуелната сезона истекува договорот на Трент Александер Арнолд, а навивачите се загрижени затоа што се уште нема најави за негово продолжување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арнолд е еден од најважните фудбалери на Ливерпул, но медиумите на Островот пренесуваат дека првичните преговори за продолжување на соработката завршиле неуспешно. Тренерот на „црвените“, Арне Слот сака да го задржи во своите редови, меѓутоа ситуацијата ја следи и Реал Мадрид.
Според информациите, Реал Мадрид преку агентот на Арнолд го информирал дека во Мадрид го чека стандардно место ако се одлучи да дојде.
Бидејќи е во последната година од договорот, ако не дојде до продолжување, Арнолд во јануари би бил слободен да преговара со заинтересираните клубови.