Toмислав Пиплица е легендарен голман на Енерџи Котбус на голот на овој клуб стоеше повеќе од 10 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Постарите љубители на фудбалот добро се сеќаваат каков голман беше Пиплица, а за негова жалост поголемиот број го паметат по неговиот автогол од 2002 година.
На денешен ден пред 18 години Пиплица си постигна автогол кој и денес важи за еден од најбизарните во германскиот фудбал. Енерџи Котбус тогаш играше на свој терен и беше на чекор од голема и важна победа.
Водеа домаќините 3:2 до 85. минута, а тогаш резервистот на Борусија Менхенгладбах испрати удар кој беше изблокиран. Сите веруваа дека Пиплица лесно ќе ја фати топката, но тој остана „закопан“ на линијата го погоди во глава и заврши во неговата мрежа.