Кристијано Роналдо од ден во ден изгледа е се поблиску до потпис со тимот на Ал-Наср.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера беше објавено дека деталите се договорени, а денес има дополнување на оваа информација. Имено, Ал-Наср сака побрзо да го комплетира трансферот за да потпиша со Роналдо пред дербито со најголемиот ривал, Ал-Хилал.




Во овој момент Ал Наср е лидер на табелата, додека Ал Хилал е трет со само два бода заостанување и се очекува до крајот да се води борба за титулата.




Дербито во Саудиска Арабија се игра в понеделник и раководството на саудискиот тим прави се за да се комплетира потребната администрација.




Треба да се спомене дека Роналдо и да го завршат трансферот нема да има право за настап, тој ќе може да игра од 1. јануари. Меѓутоа голема би била мотивацијата кај фудбалерите ако се со Роналдо се заврши пред дербито.



