Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Муслиу: Репрезентации како Холандија можат да се запрат само со тимска игра

Муслиу: Репрезентации како Холандија можат да се запрат само со тимска игра

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт.

На прашања од новинарите денес одговораше и македонскиот дефанзивец, Висар Муслиу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Муслиу и неговите соиграчи ги чека тешка задача со Холандија во одбраната.

„Нормално дека сме разочарани од резултатите, сакавме да имаме подобри резултати. Имавме добра игра, но отсуствуваа резултатите. Мотивација има и за следниот натпревар, ние сме профедионалци и ќе играме за да победиме.

„Сите знаеме какви играчи има Холандија, но ние ако сакаме да ги спречиме треба да играме како и во претходните дуели со силни селекции, само со тимски дух, тоа е единствениот начин. Мислам дека ќе бидеме спремни да ги спречиме нападите и контра нападите на Холандија, а со нешто и да ги изненадиме.

Може ли да одиграме подобро?

„Секогаш има простор да одиграме подобро, но тоа што не красеше нас е што игравме дефанзива како тим. Сепак, во последните два натпревари скапо ги плативме тие ситни грешки. Сепак, ова е Европско првенство и секоја, па и мала грешка се казнува. Се надевам дека ќе бидеме на потребното ниво и ќе дојдеме до позитивен резултат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Манчестер Јунајтед вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи со поразот од К…