Дома Македонски спорт Мак фудбал Муслиу: Против Ренова ќе биде тешко, но одиме по три бода

Муслиу: Против Ренова ќе биде тешко, но одиме по три бода

Фудбалерите на Вардар имаат два меча помалку поради обврските во групната фаза од Лигата на Европа, а утре во рамките на 15-то коло ќе и гостуваат на Ренова.

Пред утрешниот меч своите очекувања ги искажа дефанзивецот Висар Муслиу, кој ќе игра против својот поранешен тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не очекува тежок натпревар. Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба. Верувам дека секој кој ќе излезе на терен ќе даде се од себе за да дојдеме до трите бодови кои ни се потребни во борбата за првата позиција на табелата“, изјави Муслиу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…