Дома Трансфер зона Мурињо се обидел да „украде“ уште еден играч на Челзи во последен момент

Мурињо се обидел да „украде“ уште еден играч на Челзи во последен момент

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во последен момент испратил понуда за играчот на Челзи, Вилиан, потврдија англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Финансиските детали од понудата не се откриени, но медиумите пренесуваат дека таа експресно била одбиена од страна на „сините“. Се претпоставува дека станува збор за понуда од 35 милиони фунти.

Доколку се реализираше овој трансфер тоа ќе биде втор играч на Челзи кој летово се сели на „Олд Трафорд“. Претходно „Специјалниот“ го донесе Немања Матиќ за 40 милиони фунти.

Самиот Вилиан неодамна призна дека разговарал со Мурињо и бил отворен да се пресели во неговиот тим, но Челзи се спротиставил и го блокирал трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…