Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се надева дека Лионел Меси ќе остане во Барселона до крајот на кариерата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалецот не обрнува внимание на тврдењата дека напаѓачот може да си замине од „Камп ноу“ следното лето и тврди дека тоа се само шпекулации.
„Секоја сезона приказната е иста. Весниците секогаш пишуваат дека тој си заминува, но на крајот тоа никогаш не се случува. Искрено, се надевам дека никогаш нема да си замине, бидејќи тој и припаѓа на Барселона и Барселона му припаѓа нему. Природно и убаво нешто би било тој да остане и да ја заврши кариерата во Барселона“, истакна Португалецот.
„Мислам дека ќе остане, но тоа е лично мислење. Апсолутно сигурен сум дека нема да дојде во Манчестер Јунајтед“, додаде Мурињо.