Дома Трансфер зона Мурињо потврди: Ибра и следната сезона на „Олд Трафорд“

Мурињо потврди: Ибра и следната сезона на „Олд Трафорд“

Златан Ибрахимовиќ ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед и е една од најсветлите точки во тимот, а добрата вест за „црвените ѓаволи“ е што тој најверојатно и следната година ќе остане на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Ибрахимовиќ потпиша едногодишен договор, но Мурињо откри дека во него имало клаузула за продолжување на уште една година.

„Ситуацијата со Златан Ибрахимовиќ е јасна, тој ќе остане уште една сезона на Олд трафорд. Договорот што го имаме е на „една плус една година“. Ние сме задоволни, така што ќе ја активираме клаузулата за договорот да стане двогодишен, тука нема никакви дилеми“, изјави Мурињо.

Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на јунајтед со шест постигнати погодоци во досегашниот дел од сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…