Дома Топ вести Мурињо најде замена за Кејн – ја купи ѕвездата на ПСВ

Мурињо најде замена за Кејн – ја купи ѕвездата на ПСВ

Жозе Мурињо беше во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за повредениот Хари Кејн, а медиумите на Островот потврдија дека потрагата е завршена.

Имено, Тотенхем постигна договор со ПСВ за холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн, кој во наредните часови треба да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инаку Бергвајн оваа сезона игра одлично во дресот на ПСВ и веќе има пет погодоци и десет асистенции на вкупно 16 средби во холандската Ердивизија.

Бергвајн е еден од најталентираните млади играчи во Европа, постојано потенциран како еден од Топ 50 најдобри млади фудбалери на континентот и би требало да биде големо засилување за Тотенхем.

„Спарси“ за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра, а Мурињо може да го користи Холанѓанецот како крилен, но и како централен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…