Дома Фудбал Англија Мурињо му коментираше на Џака и предизвика реакции

Мурињо му коментираше на Џака и предизвика реакции

Гранит Џака го пропушти пријателскиот меч меѓу Швајцарија и Грција затоа што беше позитивен на ковид-19, а поради тоа Жозе Мурињо му коментираше на фотографија на Инстаграм и го повика да се вакцинира.

Мурињо испрати совет на фудбалерот на Арсенал откако се појавија информации дека Џака не се вакцинирал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џака во текот на летото беше една од главните желби на Мурињо, кој сакаше да го донесе во Рома, но не му успеа планот.

Швајцарскиот репрезентативец објави фотографија и сакаше да го прослави повикот во репрезентацијата, но на крајот дозна дека нема да игра.

„Гранит, вакцинирај се и биди сигурен“, напиша Мурињо, а неговиот коментар предизвика реакции, па многумина порачаа дека тоа е лично право на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…