Како што пренесуваат медиумите на Островот, Манчестер Јунајтед и понатаму е сериозно заинтересиран за играчот на Монако, Фабињо, играч кого Мурињо го следи веќе подолго време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо сакаше да го донесе Фабињо на „Олд Трафорд“ минатото лето, се обиде и во јануари, но трансферот не се реализираше.
Фабињо игра одлично во дресот на Монако со кого може да ја освои титулата во Франција и важи за еден од најдобрите десни бекови во Европа.
Сепак, Муроњо не е единствениот кој го сака Фабињо, па силен инетрес за него покажуваат уште Манчестер Сити, Арсенал и Барселона.
„Веќе почнавме разговори со Јунајтед, Сити, Арсенал, а не контактираше и Барселона“, откри таткото на фудбалерот.
„Ни се допаѓа Јунајтед и работата на Мурињо, но исто така и Манчестер Сити би бил одлична опција“, додаде таткото на Фабињо.