Дома Трансфер зона Мунир замина, Барса пред ангажман на искусен голгетер од Премиер лигата!

Мунир замина, Барса пред ангажман на искусен голгетер од Премиер лигата!

Барселона вчера потврди дека Мунир Ел Хадади повеќе не е нивни играч, па јасно е дека каталонскиот клуб ќе побара напаѓач кој би имал улога на резерва во овој преоден рок.

Мунир не беше задоволен со минутажата на „Камп Ноу“ и одлучи да го напушти клубот во кој израсна. Ова е одреден проблем за Барселона бидејќи Луис Суарез во овој момент е единствениот класичен напаѓач во тимот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според шпанските медиуми, Барса до крајот на преодниот рок сигурно ќе доведе еден напаѓач кој ќе му биде резерва на Суарез. „Мундо Депортиво“ сега пишува дека тој напаѓача најверојатно ќе биде Фернандо Љоренте од Тотенхем.

Ернесто Валверде го почитува овој голгетер кој го водеше во Атлетик Билбао и препорачал на раководството на клубот да се обиде да го доведе. Наводно во тоа не би требало да има проблем.

Љоренте најверојатно ќе се пресели на „Камп Ноу“, но само на позајмица до крајот на оваа сезона. Ќе биде вистинско чудо, Каталонците да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=-KJjHLx6HxA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…