Дома Трансфер зона Му пропадна трансферот во Ливерпул, сега е на чекор од Челзи

Му пропадна трансферот во Ливерпул, сега е на чекор од Челзи

Трансферот на ѕвездата на Лион, Набил Фекир во Ливерпул беше договорен уште на почетокот на јуни, но пропадна поради лекарските прегледи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фекир од втор пат ги помина прегледите, но Ливерпул се обиде да ја намали цената, што дојде до пропаѓање на трансферот.

Фекир во меѓувреме стана светски шампион со Франција, а до крајот на неделата би можел да се пресели во Премиер лигата.

Еминентниот „Франс Фудбал“ пренесува дека Челзи е во поодминати преговори со Лион за трансфер на одличниот офанзивен играч за врска.

Двете страни брзаат што е можно побрзо да го комплетираат трансферот, бидејќи трансфер пазарот во Англија завршува во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…