Реал Мадрид наводно е заинтересиран за Рашфорд и Ериксен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од денот кога Роналдо си замина во Јувентус, во Реал Мадрид се се сруши како кула од карти, иако со заминувањето на Лопетеги и доѓањето на Солари ситуацијата малку се промени. Меѓутоа, јасно е дека и на претседателот Перез и на навивачите на клубот им недостасува некоја голема ѕвезда по заминувањето на Роналдо, а особено сега кога се повеќе се зборува дека клубот ќе го напуштат Бензема и Бејл на крајот на сезоната.
Реал се поврзува со многу врвни играчи, а денеска англиските медиуми ја шират веста за интерес на „Кралеите“ за две премиерлигашки ѕвезди. Наводно, Перез е одлучен да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, кој игра константно на „Олд Трафорд“ оваа сезона и е еден од клучните играчи на Тотенхем, Кристиан Ериксен.
Нема сомнеж дека навивачите би биле задоволни со овие засилувања, а во Реал имаат план на овие играчи да потрошат околу 90 милиони фунти. Рашфорд за 50, а Ериксен за 40 милиони. Јасно, тука ќе се прашаат и Јунајтед и Тотенхем, а и секогаш се појавуваат нови играчи кои Реал сака да ги доведе, па не треба да направиме било какви заклучоци, барем сега кога не е завршен ниту првиот дел од сезоната.