Дома Трансфер зона Модриќ ќе го моли Перез за трансфер следната недела

Модриќ ќе го моли Перез за трансфер следната недела

Лука Модриќ продолжува да биде главна трансфер цел на Интер и покрај фактот што Флорентино Перез не сака да се откаже од Хрватот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Реал беше категоричен дека Модриќ може да си замине само ако некој клуб ја плати откупната клаузула од 750 милиони евра, но Хрватот е тој што сака преселба во Милано.

Вчера во Милано беше виден Владо Лемиќ менаџерот на Лука Модриќ, кој неодамна го донесе Шиме Врсаљко во Интер и „Газета дело Спорт“ пренесува дека му потпврдил на „нероаѕурите“ дека Модриќ е отворен за преселба на „Џузепе Меаца“.

Модриќ следната недела ќе има состанок со претседателот Перез и од таа средба ќе зависи дали ќе остане во Мадрид или „кралевите“ ќе му дозволат да замине.

Интер е спремен да започне преговори со Реал Мадрид, но чека сигнал од самиот Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…