Дома Трансфер зона Модриќ донесе конечна одлука за својата иднина

Модриќ донесе конечна одлука за својата иднина

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Лука Модриќ донел конечна одлука за својата иднина и ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Модриќ дефинитивно ја одбил богата понуда од Саудиска Арабија за да стави потпис на едногодишен договор со Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Друга причина поради која Модриќ три години во Арабија одби 200 милиони евра е тоа што се уште не сака да се збогува со хрватската репрезентација. Капитенот сака да ја одведе Хрватска на ЕП следното лето“ , пишува „Ас“.

Се очекува во понеделник Реал Мадрид и официјално да го објави новиот договор со Модриќ, кој изгради легендарен статус на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…