Екипата на Арсен Венгер за малку ќе доживееше пораз на свој терен од Норвич, губеа до 85. минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, Нкети ги спаси „Топчиите“ и успеа да израмни по изведениот корнер. Во продолжението повторно младиот Нкити главен актер, кој беше и вторпат прецизен за пласман на Арсенал во четвртфиналето.
Борнмаут слабеше против Миделзброу со 3:1 и обезбеди свој пласман натаму. Кристал Палас не успеа да се пласира во четвртфиналето иако тргна добро во дуелот против Бристол, кој на крај преку пресврт славеше со резултат 4:1.
Лидс беше рамноправен противник на Лестер. Ријад Марез го постави конечниот резултат 3:1, со што им помогна на Лисиците да се пласираат во следната газа.
Манчестер Јунајтед славеше против Свонси, а Лингард беше јунак на денешнио меч. Тој со погодоците во 21. и 59. минута го реши прашањето околу победникот.