Дома Трансфер зона Младата ѕвезда на Рома на радарот на Барселона

Младата ѕвезда на Рома на радарот на Барселона

Мохамед Салах минатото лето ја напушти Рома, а „волчоцата“ како негова замена го ангажираше талентираниот турски фудбалер, Џенгиз Ундер.

Ундер имаше слаб старт на сезоната додека не се привикна на италијанскиот фудбал, но во последно време игра фантастично во дресот на Рома.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, „волчицата“ уште ова лето би можела да остане без него, бидејќи за Ундер интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека Барселона е сериозно заинтересурана за 20-годишниот фудбалер.

„Неговиот агент има добар однос со Барса и ме информираше дека дефинитовно постои интерес од нивна страна. Се уште не сме примиле никаква понуда за играчот, но не сум изненаден што многу клубови го следат. Ундер е млади и талентиран фудбалер, кој постигнува многу голови“, изјави Мончи.

Покрај Барселона, интерес за турскиот репрезентативец покажуваат уште Манчестер Сити и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …