Дома Фудбал Младата селекција на Србија остана без селектор

Младата селекција на Србија остана без селектор

Младата репрезентација на Србија која во квалификациите за Еуро 2023 е во група со Македонија остана без селектор откако фудбалскиот сојуз и Звонко Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот.

Во досегашните натпревари од квалификациите Србија оствари само една победа и тоа против Ерменија во Ереван со 1:4, потоа изгуби од Франција во Белград, ремизираа со нас во Охрид, а изгубија дома од Украина. Со четири освоени бодови тие се претпоследни во групата.

„Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Зонков Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот. ФСС му се заблагодарува на досегашната работа и му посакува се најдобро“, стои во објавеното соопштение.

Привремено Србија ќе ја води Александар Рогиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…