Дома Македонски спорт Миркуловски: Техничките грешки беа пресудни, пропуштивме голема шанса

Миркуловски: Техничките грешки беа пресудни, пропуштивме голема шанса

Еден од најискусните во нашата репрезентација, Филип Миркуловски жали што денес Македонија не извлече подобар резултат со Словенија (27:25).

Причина за денешниот пораз од Словенија се големиот број грешки кои ги направивме во нападот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можевме повеќе, одигравме релативно одличен меч, а пресудни беа нашите технички грешки. Ако тие грешки ги сведевме на 5-6 мислам дека ќе имавме позитивен резултат. Одлично отворивме со 1:4, потоа следуваа 6:0 на Словенија, но успеавме да се вратиме и да влеземе во егал. Грешките на крајот беа пресудни, пропуштивме голема шанса. Словенците беа изненадени и во грч кога видова дека можеме да бидеме добри и без Лазаров. За жал не успеавме да победиме“.

Миркуловски посочи дека идејата е младите да играат, Лазаров и да беше спремен на теренот ќе поминел 15-20 минути.

„Лазаров требаше да игра 15-20 минути, генерацијата 96 е таа која треба да го понесе товарот и се виде квалитетот во одбраната и нападот. Според мене одиграа еден коректен натпревар на чело со Томовски кој одбрани се што можеше да одбрани“, изјави Миркуловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…