Дома Македонски спорт Миовски: Ако сакаме пласман на ЕП мораме да ги победиме големите репрезентации

Миовски: Ако сакаме пласман на ЕП мораме да ги победиме големите репрезентации

Maкедонската фудбалска репрезентација септемврскиот циклус го помина одлично со четири бода од натпреварите со Италија и Малта, па така се зголемија надежите за пласман на Европското првенство 2024, иако се уште сме далеку, бидејќи не чекаат нови дуели со Англија и Италија.

На делба на втората позиција, Македонија седум бодови, исто колку Украина и Италија која има натпревар помалку. Англија е убедливо прва со 13 бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По вчерашната победа Бојан Миовски порача дека ако сакаме место помеѓу најдобрите, мораме и да победиме некој од големите ривали.

„Одлично е кога ќе дадете гол во рана фаза против селекција која има намера да се брани. Добро го отворивме натпреварот, потоа пред крајот на првото полувреме постигнавме уште еден гол и во вториот дел рутински ја одработивме задачата. Имавме и неколку прилики за трет гол, но сепак сме задоволни со резултатот.

Имаме ист број на бодови со Украина и Италија, а ако сакаме да одиме на ЕП мораме да ги победиме големите репрезентации“, изјави македонскиот напаѓач.

Во следните два месеци, Македонија прво ќе играме против Украина на 14-ти октомври, потоа на 17-ти ноември гостуваме на Италија, а на 20-ти ноември ја пречекуваме Англија  во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…