Втор пат во последните три сезони Вардар е европски ракометен шампион, вчера во финалето избраниците на Парондо со 27:24 го победија Веспрем и така испишаа нова историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милосављев вчера откри дека Игор Карачиќ на стартот на сезоната му кажал дека ќе ја освојат Лигата на шампионите.
„Овој човек на стартот на сезоната, пред натпреварот со Монпеље ми кажа – ќе ја освоиме Лигата на шампионите! Овој е тој човек – МВП! Со неговите совети цело време ме држеше на земја, иако на момент како млад играч тоа е тешко. Затоа сум горд на него и на тоа што го направи за мене оваа сезона. Ти благодарам Игор“, изјави Милосављев.