Дома Фудбал Лига на шампиони Милнер објасни како Меси му кажал дека е магаре

Милнер објасни како Меси му кажал дека е магаре

Реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Барселона донесе неколку непријатни дуели помеѓу играчите на двата тима.

Луис Суарез и Ендрју Робертсон водеа жестока борба на теренот поради која играчот на Ливерпул на крајот поради повреда мораше да остане во соблекувалната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Беше тоа само еден од примерите за борбата која се водеше на „Енфилд“, а борба се водеше и во првиот натпревар кога Барселона победи со 3:0.
Лионел Меси и Џејмс Милнер во тој натпревар имаа конфликт кој настана откако Милнер намерно го удри Меси, но судијата тоа не го виде.

Милнер на крајот му пружи рака на Меси, но фудбалерот на Барселона одби да се ракува со него.

Англичанецот сега во едно интервју откри дека конфликтот помеѓу него и Меси продолжил во тунелот на паузата на полувремето.

„Не беше среќен. Многу работи ми кажа на шпански јазик. Ми кажа дека сум „буро“. Тоа се преведува како магаре, но исто така мислам дека се користи во шпанскиот фудбал за опис на некој кој оди наоколу и удира луѓе. Го прашав дали е добро, но не ми обрнуваше внимание. Мислам дека не сфати дека го разбирам неговиот шпански. Во тие моменти ми кажа: Тоа што го направи е затоа што те нагазив. Тогаш го оставив и си заминав во соблекувалната“, изјави Милнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…