Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер е многу лут на раководството на својот клуб, особено на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милер веќе стекна легендарен статус во баварскиот клуб, но „Билд“ тврди дека е лут на раководството бидејќи не добива таков третман. Тој е лут бидејќи клубот започнал преговори за нов договор со Мануел Ноер, а со него не.
Поради тоа неговиот агент веќе бара нов ангажман, а најсилен интерес за Милер покажуваат трите гиганти од Серија А, Интер, Милан и Јувентус.
Договорот на Милер со Баерн истекува во 2021 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и ќе може да замине за „симболична“ сума.
Милер е легенда на баварскиот клуб каде веќе одигра 521 натпревар, на кои постигна 195 голови.