Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски пред Фарски Острови: Очекувам поинаков дуел од оној во Скопје, ќе има промени

Милевски пред Фарски Острови: Очекувам поинаков дуел од оној во Скопје, ќе има промени

Утре репрезентација до 21 година утре ќе го игра натпреварот против Фарски Острови во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот помеѓу овие две селекции е закажан за во 18:00 часот во Торшван каде што ќе се сретнат на „замрзнат“ терен.

„Очекувам сосема различен натпревар во однос на дуелот кој го одигравме во Скопје. Фарски Острови воопшто не се наивна репрезентација, а тоа го покажаа на мечевите во овој квалификациски циклус. Нема да биде лесно, но се надевам дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата и максимално сконцентрирани на утрешниот дуел“

Во нашиот состав веројатно ќе има промена или две во однос на составот со Шпанија. Против шпанците бевме одлични на тактички план, посебно во дефанзива, имавме проблеми во транзицијата од одбрана во напад, но јас сум задоволен од начинот на кој тактички се спротивставивме“, изјави Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …