Младинската репрезентација на Македонија ги завршува квалификациите за Европското првенство. До крајот на квалификациите ни остануваат уште две средби.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првата ја играме на 12. ноември против Израел на Гости, а последниот дуел е против Црна Гора дома.
Вчера селекторот на селекцијата до 21 година Благоја Милевски го одржа првиот тренинг.
„Како и на секој натпревар до сега ќе излеземе за да го дадеме максимумот. Нема да бидам задоволен ако не ги одиграме овие два натпревари добро. Важна е играта, но сакаме и поволен резултат. Ако играме на препознатливото ниво сигурен сум дека ќе дојдеме до победа. Израел не е важен, важно е како ние ќе изгледаме на теренот“, изјави Милевски.
Македонија во квалификациите има четири победи, две нерешени и два пораз и со тоа сме второпласирани зад лидерот Шпанија.