Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со рускиот играч за врска, кој треба да се пресели во Милано следното лето.
Миранчук го привлече вниманието на Милан за време на натпреварите од Лигата на шампиони, кога постигна гол во двата меча против Јувентус.
Во исто време медиумите во Русија потврдуваат дека се започнати преговори помеѓу двата клуба, а посредник бил агентот Габриеле Џуфрида.
24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции, а Милан е спремен да понуди помеѓу 20 и 25 милиони евра за неговиот потпис.