Дома Трансфер зона Милан тргнува по Вајналдум

Милан тргнува по Вајналдум

Англиските медиуми пренесуваат дека Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил на крајот на сезоната.

Актуелниот договор на Вајналдум истекува на крајот на сезона, па 30-годишниот Холанѓанец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

„Росонерите“ сакаат значително да го засилат тимот за следната сезона, кога се очекува конечно да се вратат во Лигата на шампиони.

Малдини ќе се обиде да ја искористи стуацијата и да го донесе Холанѓанецот на „Сан Сиро“, бидејќи смета дека покрај квалитет ќе го донесе и потребното искуство.

Барселона полека се повлекува од трката за неговиот потпис, па главен конкурент на Милан ќе му биде француски ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…