Дома Трансфер зона Милан тргна по голман – ова се имињата!

Милан тргна по голман – ова се имињата!

Еден ден после шокот кој што го доживеа со Џанлуиџи Донарума, раководството на Милан тргна по потрага на голман кој ќе биде прв избор за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума одби да го продолжи договорот и без разлика што ќе се случи со него ова лето, тој сигурно нема да го брани голот на Милан следната сезона.

Поради тоа „росонерите“ ја почнаа потрагата по нов голман, а медиумите ги открија имињата кои се на списокот на миланскиот гигант.

Матија Перин од Џенова, Нето од Јувентус, Сиригу од ПСЖ, Шчешни од Арсенал и Лено од Баерн Леверкузен.

Прв избор е Матија Перин од Џенова, кој моментално е повреден. Италијанецот беше замена за Буфон во репрезентацијата пред појавата на Донарума, па „росонерите“ сметаат дека ќе биде добро решение и за во иднина.

Нето не сака повеќе да му биде резерва на Буфон во Јувентус и е спремен да ја промени средината, а таквата ситуација може да ја искористи Милан и да го донесе на „Сан Сиро“ за 10 милиони евра.

Шчешни е најтешка опција бидејќи веќе има договор со Јувентус, додека Лено и Сиригу се резервни опции доколку „росонерите“ не успеат да го коплетираат трансферот на Перин или Нето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…