Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Феран Торес пред една година пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа.
Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Милан внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе на „Сан Сиро“.
Каталонците за слободата на Шпанецот бараат 25 милиони евра, сума која „росонерите“ се спремни да ја платат и веќе работат на трансферот.
Тренерот Пиоли верува дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во неговата формација, бидејќи може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.
📰 @fichajesnet: #ACMilan consider Barcelona forward as potential Brahim Diaz replacementhttps://t.co/OHAlILMkEg #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) April 24, 2023