Дома Топ вести Милан спреми понуда за Икарди

Милан спреми понуда за Икарди

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.

Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.

Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и е спремен да ја промени средината. Интерес за напаѓачот покажува и Њукасл, но тој преферира да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…