Дома Трансфер зона Милан призна: TOJ е нашата главна цел!

Милан призна: TOJ е нашата главна цел!

Милан ова лето беше еден од најактивните на трансфер пазарот, но од Италија доаѓаат вести дека „росонерите“ до крајот на преодниот рок ќе донесат уште едно големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели потврди дека во клубот ќе дојде еден голем напаѓач, а изборот се сведува на три имиња.

Мирабели не криеше дека најголема желба е Пјер-Емерик Обамејанг, а откри и кои се алтернативити на Африканецот.

„Пјер Емерик Обамејанг би бил судбински потпис, тој беше мојата прва скаутска задача. Меѓутоа, Борусија во овој момент бара премногу, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мирабели.

„Мораме да донесеме напаѓач и не смееме да погрешиме во изборот. Конкуренција на Обамејанг му се Диего Коста и Калиниќ“, отворено призна директорот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…