Милан е во напредни преговори со Селтик за трансфер на дефанзивецот Кристофер Ајер, пренесуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ веќе подолго време го следат 22-годишниот Норвежанец, па во последно време презеде конкретни чекори за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Интересот на клубовите од Премиер лигата ги натера „росонерите“ да побрзаат со преговорите за да ја победат конкуренцијата.
Ајер важи за голем тален на кого му се предвидува голема кариера, а Милан е во потрага по таков калибар на дефанзивец.
Агентот на дефанзивецот потврди дека неговиот клиент веќе има договор со „росонерите“, а „Скај Италија“ пренесува дека трансферот ќе изнесува 15 милиони евра.