Дома Топ вести Милан прави „страшен“ тим: Спреми 100 милиони за ѕвездата на Реал

Милан прави „страшен“ тим: Спреми 100 милиони за ѕвездата на Реал

Милан во зимскиот преоден рок беше еден од најактивните клубови во Европа и донесе две големи засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ потрошија 70 милиони евра за Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек, играчи кои веднаш го покажаа својот квалитет и почнаа да си ја исплаќаат инвестицијата.

Меѓутоа, Милан сака значително да го засили тимот за следната сезона, а спортскиот директор Леонардо веќе работи на тоа.

Шпански „Дон Балон“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека „росонерите“ ја сакаат ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Вешанецот се очекуваше оваа сезона да биде прва ѕвезда кај „кралевите“ после заминувањето на Роналдо, меѓутоа и понатаму пружа бледи партии.

Наводно „кралевите“ се спремни да го продадат Бејл на лето, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.

„Росонерите“ доколку се пласираат во Лигата на шампиони сакаат да донесат една голема ѕвезда во тимот, а прв на листата желби на Леонардо е токму Герет Бејл за кого е спремен да плати 100 милиони евра.

Сепак, Милан ќе треба да се избори со големата конкуренција, бидејќи за 29-годишниот Велшанец силен интерес покажуваат премиерлигашите Челзи и Манчестер Јунајтед.

Наводно и самиот Бејл е спремен да ја заврши својата авантура во Мадрид и да проба нов предизвик во кариерата, тврди „Дон Балон“ и не ја исклучува можноста за негова преселба во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…