Дома Трансфер зона Милан почна преговори со талентот на Барселона

Милан почна преговори со талентот на Барселона

Милан е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Барселона, Алехандро Балде, пренесува „Калчомеркато“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балде е продукт на школата на Барселона и оваа сезона игра за првиот тим, па доби дури и повик за Мундијалот во Катар.

Балде оваа сезона запиша 17 настапи за Барселона, на кои постигна 3 асистенции, па на 18 години дебитираше за Шпанија на Мундијалот.

Инетресно е што Балде нема се уште професионален договор со Барселона, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

Балде има договор со Каталонците до 2024 година, па Барселона сигурно нема лесно да го пушти и сака да „блиндира“ со долгогодишен професионален договор.

Инаку Балде игра како лев бек, но може подеднакво добро да игра и како лево крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…