Дома Топ вести Милан потврди: Ќе направиме уште еден голем трансфер!

Милан потврди: Ќе направиме уште еден голем трансфер!

Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне им вети на навивачите дека до крајот на преодниот рок ќе пристигне уште еден голем играч, најверојатно во нападот.

Милан ова лето направи „бум“ на трансфер пазарот, донесе девет нови засилувања и потроши повеќе од 200 милиони евра, но сеуште е во потрага по врвен напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нашиот трансфер пазар сеуште не е завршен, ќе направиме уште нешто. Зависи од тоа со колку фудбалери ќе се разделиме, но не брзаме. Во моментов имаме одличен состав, но ни недостасува шаг на тортата. Сигурно ќе направиме еден голем трансфер, аквизиција од топ ниво“, изјави Фасоне за „Газета дело Спорт“.

Спортскиот директор Мирабели пак потврди дека се во преговори со Баерн за трансфер на Ренато Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…