Дома Трансфер зона Милан носи големо засилување од Манчестер Сити

Милан носи големо засилување од Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва на крајот од сезоната сигурно ќе го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Давид Силва истекува во јуни и ќе биде слободен агент, а најавите беа дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Милан, кој сака да го донесе плејмејкерот на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со Шпанецот и му нудат 2-годишен договор, но се очекува преговорите да се интензивираат на лето.

Одличниот Шпанец на „Етихад“ пристигна во 2010 година од Валенсија за сума од 26 милиони фунти и во меѓувреме стана еден од главните играчи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…