Дома Трансфер зона Милан му ја затвори вратата на Раиола, преговара дирекно со Ромањоли

Милан му ја затвори вратата на Раиола, преговара дирекно со Ромањоли

Милан започнал преговори со својот капитен Алесио Ромањоли за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак „росонерите“ ќе се обидат да го задржат.

Она што е интересно е што Милан ги има прекинато сите односи со неговиот агент Мино Раиола и дирекно со фудбалерот преговара за нов договор, бидејќи Ромањоли сака да остане на „Сан Сиро“.

Милан не може да му ја понуди сегашната плата од 6 милиони евра, но Ромањоли е спремен да ја прифати понудата од 3,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…