Дома Трансфер зона Милан го сака дефанзивецот на Реал

Милан го сака дефанзивецот на Реал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 12 години е дел од првиот тим.

Оваа сезона не добива голема минутажа, но Анчелоти му верува и Начо се уште е важен дел од тимот.

Договорот на 32-годишниот дефанзивец истекува на лето, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на лето без обештетување како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…