Милан е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата.
Оваа сезона добива мала минутажа па и самиот е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
„Росонерите“ се во потрага по десен бек бидејќи на таа позиција го имаат само Калабрија.
Милан ќе се обиде да го добеде на лето и спрема понуда од 15 милиони евра.