Дома Трансфер зона Милан го потврди трансферот на Бало Туре

Милан го потврди трансферот на Бало Туре

Милан денес го потврди трансферот на Фоде Бало-Туре кој доаѓа од Монако.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ за 24-годишниот лев бек платија 4,5 милиони евра и Туре ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.

„Милан со задоволство може да соопшти перманентен ангажман на Фоде Бало-Туре од Монако. Дефанзивецот потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2025 година и ќе го носи дресот со број 5“, стои во соопштението на Милан. 

Бало Туре потекнува од школата на ПСЖ, а фудбалската афирмација ја доживеа во Монако каде минатата сезона одигра 30 меча и го привлече вниманието на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…