Дома Топ вести Милан го договори првото зимско засилување

Милан го договори првото зимско засилување

Милан постигал договор со поранешниот лев бек на Барселона, Хуан Миранда, кој моментално настапува во Бетис.

Миранда блеска во дресот на Бетис и го привлече вниманието на многу европски гигнати. Тој е дете на Барселона, а од 2020 година игра за Бетис.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Милан веќе почна преговори со агентот и сака да го донесе уште во јануари.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека „росонерите“ постигнале комлетен договор со Миранда за 5-годишна соработка и ако не го доведат во јануари, Шпанецот ќе пристигне на лето како слободен агент.

Миранда во Милан треба да биде алтернатива за Тео Хернандес, кој е незаменлив во тимот на Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…